DSC_0951

На дебатата беа претставени наодите од вториот последователен мониторингот на медиумите за застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови, како и за темите и областите на кои се однесуваат. Иако е подобрена, состојбата со присуството на аналитичките и истражувачки стории во македонските медиуми во 2017 година е и натаму незадоволителна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентарот и БИРН презентирано на 9 ноември во Скопје.

Истражувањето како дел од проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија е направено со мониторинг и  квантитативна и квалитативна анлиза на повеќе од 3000 новинарски содржини во 10 традиционални медиуми  со различна сопственичка и уредничка припадност.

Предмет на истражувањето и оваа година беа новинарските текстови односно прилозите објавени во периодот помеѓу 20-26 март, 17-23 април и 8-14 мај на : МТВ 1, Алсат М, Сител, Телма, Тера ТВ, Дневник, Слободен печат, Коха, Капитал и Фокус.

Истражувањето покажа зголемено присуството на истражувачките и на аналитичките новинарски стории, кои учествуваат со 8,8% во вкупните новинарски текстови објавени во мониторираните медиуми. За споредба, оваа бројка лани изнесуваше 5%. Двојно зголемување има и кај бројот на истражувачките стории, иако процентот останува исклучително низок – 0,8% (лани 0,4%). И годинава, најмногу анализи и истражувања има за економијата и политиката, по кои следат теми со значително подобрена застапеност во однос на лани: образование, социјална заштита и здравство.

DSC_0964

Клучните наоди претставени на дебатата на која учествуваа новинари, уредници и претставници на повеќе медиумски организации покренаа дискусија за  причините за слабата примена на техниките на истражувачко новинарство и за начините за надминување на дел од ограничувачките фактори.

Во таа смисла се реафирмираа препораките содржани во анализата за потребата од одвојување повеќе ресурси за самостојно истражување на новинарите со особен акцент врз квалитетот на сториите, потоа потребата од вмрежување и солидарност на малите редакции кои го практикуваат овој новинарски жанр како и потребата од поголема соработка меѓу медиумите и невладините организации кои својата експертиза треба да им ја направат достапна на новинарите во интерес на јавноста.

Истражувачкото новинарство кај традиционалните медиуми и натаму е малку присутно

Загрижува отсуството на истражувачките стории во традиционалните медиуми