slika 1

Можностите за соработка меѓу медиумите и невладините организации беа тема на работилницата во организација на Центарот за граѓански комуникации и партнерските организации БИРН И НВО Инфоцентар што се одржа на 21 септември во Битола. 

На средбата меѓу новинарите и претставниците на невладините организации од пелагонискиот регион, во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ поддржано од ЕУ, се дебатираше за состојбата со истражувачкото новинарство, за неопходната упатеност на медиумите на темите од јавен интерес за кои невладините организации имаат своја експертиза и можностите за подобрување на начинот на информирањето и нивната меѓусебна соработка.

 

slika2

 

Главна тема која што неможеше да се избегне на оваа работилница се егзистенцијалните проблеми со кои се соочуваат локалните медиуми и малите новинарски екипи. Тоа упатува дека можеби примарно мора да се најде начин за некакво посистемско финансирање на локалните медиуми, нивна финансиска поддршка и засилување за да може да отидат чекор подалеку и на своите новинарски екипи да им остават простор и ресурси за да можат да се посветат на истражувачко новинарство.

На самата работилница од страна на претставниците на невладините организации од Битола, Прилеп и Ресен беа посочени теми кои во иднина би можеле да бидат предмет на новинарски истражувања.