DSC_0504

Центарот за граѓански комуникации на 15 јуни 2017 година во Скопје одржа работилница за невладините организации кои се носители на мали грантови во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, кој се спроведува со финансиска поддршка на ЕУ.

Осум НВО ќе работат на прибирање, обработка и анализира на релеватни податоци за однапред определени области за сите општини од регионот на којшто му припаѓаат. Областите за коишто ќе се прибираат информации од јавен карактер се: економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина. Конкретните податочни сетови што треба да се обезбедат преку малите грантови во секоја од овие области се претходно утврдени низ широк консултативен процес и се оценети од страна на граѓанските организации и новинарите како најкорисни за нивната идна работа. Прибраните и обработените податоци по региони ќе претставуваат основа за изработка на унифицирани бази на податоци за сите 80 општини и Градот Скопје. Базите ќе содржат податоци во временска низа од неколку години со цел да бидат корисен ресурс за иницирање на новинарски истражувања и анализи, но и да послужат како основа за преземање на натамошни акции од страна на НВО.

DSC_0513

Носители на мали грантови во рамките на проектот Истражувачко новинарство за поттикнување реформи се: Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација – Скопје, Младински културен центар Битола, Здружение Новус Струмица, Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, Здружение Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ Крива Паланка, Здружение Извиднички одред Димитар Влахов Велес, Здружение Центар за развој на заедницата Кичево и Здружение Центар за развој и унапредување на јавниот живот Тетово.