Преку програмата за регрантирање во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија, осум организации – грантисти прибраа податоци и информации од јавен карактер, а од поширок јавен интерес, од осумте плански региони во Република Македонија.

Прибраните и обработените материјали, организирани по региони,  содржат  податоци за сите 80 општини во земјата и Градот Скопје. Податоците, во временска низа од 2013 до 2016 година, се корисен ресурс за иницирање на новинарски истражувања и анализи, но и да послужат како основа за преземање на натамошни акции од страна на граѓанските организации.

Податоците ги прибраа и обработија: Младински културен центар од Битола – Пелагониски регион, ИНИ од Виница – Источен регион, ЕГРИ од Крива Паланка – Североисточен регион, НОВУС од Струмица – Југоисточен регион, Центарот за развој на заедницата од  Кичево – Југозападен регион, ИО Димитар Влахов од Велес – Вардарски регион, Институт за стратешки истражувања и едукација од Скопје – Скопски регион и Центарот за развој и унапредување на јавниот живот од Тетово – Полошки регион.

Преземете ги податочните сетови по плански региони:

    Источен регион      Југоисточен регион  Југозападен регион  Пелагониски регион     Полошки регион  Североисточен регион     Скопски регион       Вардарски регион   

 

Податочни сетови

Податоците се прикажани во ексел табели, организирани според следните податочни групи:

1.Податоци од областа на економијата и финансиите:

1_1  Буџети на општините (основни и консолидирани) во временска низа од 2013-2017 година

1_2  Завршни сметки на Буџетите на општините во временска низа од 2013-2016 година

1_3  Број на вработени во општините во временска низа од 2013-2017 година

1_4  Финансиски показатели за работењето на локалните јавни претпријатија (приходи, расходи, финансиски резултат, број на вработени) во временска низа од 2013-2017 година

1_5  Стапка на вработеност во временска низа од 2013-2016 година

1_6  Стапка на невработеност во временска низа од 2013-2016 година

1_7  Вкупен број на лица вработени во јавната администрација во временска низа од 2013-2016 година

1_8 Вредност на јавните набавки на јавните набавки на општината во временска низа од 2013-2016 година

1_9  Информации за склучени договори за јавно-приватно партнерство во временска низа од 2013-2016 година

1_10 Финансиски средства доделени на невладини организации во временска низа во временска низа од 2013-2016 година

2. Податоци од областа на квалитетот на живот

2_1  Број на приматели на социјална помош во временска низа од 2013-2016 година

2_2  Број на социјално исклучени во временска низа од 2013-2016 година

2_3  Број на лица кои живеат под прагот на сиромаштија

2_4  Просечно исплатена нето плата во временска низа од 2013-2016 година

2_5  Стапка на писменост на населението на возраст над 10 години во временска низа од 2013-2016 година

2_6  Број на образовани институции (градинки, основно училиште, средно училиште, факултети) и колку жители опслужуваат, состојба 2016

3. Податоци од областа на здравството

3_1  Број лекари по здравствени региони/број на жители на еден лекар

3_2  Број лекари специјалисти по здравствени региони/број на жители на еден лекар специјалист

3_3  Мрежа на медицински единици ( служба за здравствена заштита на деца и младинци, служба за здравствена заштита на жени,  служба за здравствена заштита за медицина на трудот и тн.)

3_4  Мрежа на здравствени установи во секундарна здравствена заштита (Клинички болници, Општи болници, Центри за јавно здравје)

3_5  Стапка на смртност според причина за смрт

3_6  Стапка на смртност на доенчиња

3_7  Пријавени заразни заболувања

3_8  Број и пол на здравствени осигуреници

4. Податоци од областа на животна средина

4_1  Квалитет на вода за пиење

4_2  Квалитет на воздух (просечна годишна концентрација на тешки метали)

4_3  Процент на микробиолошки загадени оброци во образовни институции

4_4  Процент на микробиолошки неисправни прехранбени производи

4_5  Инфективни заболувања

4_6  Годишна стапка на болни од неспецифични респираторни болести кај деца од предучилишна возраст

4_7  Годишна стапка на болни од неспецифични респираторни болести кај деца на училишна возраст

4_8  Број на заболени од акутни заразни заболувања

Проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ го спроведуваат  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.