mapVisualization

Во прегледот на сите истражувања на локално ниво претставени на мапата на Македонија е овозможено со кликнување на конкретна општина да се добијат истражувањата на Центарот за граѓански комуникации во кои е опфатена самата општина или некоја институција од општината, како и линкови кои ве водат до секое од тие истражувања.

Во прегледот на истражувањата на Центарот за граѓански комуникации на локално ниво се вклучени над 25 истражувања кои се однесуваат на буџетите на општините и уделите на трошоците за плати и капитални инвестиции, финансиските резултати на сите јавни претпријатија, трендот на вработувањата во најголемите јавни претпријатија во земјата, трошоците за јавни набавки, долговите во здравството, квалитетот на животната средина, степенот на здравствена заштита и тн. Во прилог на истражувањата во отворен формат (ексел табела) се дадени сите податоци кои се обезбедени во текот на истражувањата.

Оваа алатка е развиена во насока на поттикнување на новинарите и невладините организации да ги базираат своите истражувања и работа на прецизни податоци кои ќе послужат како основа за натамошно продлабочување на сознанијата и доаѓање до нови информации кои треба да придонесат кон подобро информирање на граѓаните.

За да ја користите мапата кликнете на следниот линк Преглед на сите истражувања на локално ниво.

Оваа алатка е изготвена од Центарот за граѓански комуникации во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ финансиран од Европската Унија. Содржината на податоците е единствена одговорност на Центарот за граѓански комуникации и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.