ngng

Новогодишното украсување и декоририрање на градовите и општините,  годинава ќе чинат 446 илјади евра. Вакви трошоци оваа година имаат само градот Скопје и 18 други општини. Лани, за украсување за новогодишните празници беа потрошени 36% повеќе, односно 733 илјади евра, но тогаш имало и пет општини повеќе кои имале вакви трошоци.

Градот Скопје и годинава ќе потроши најмногу пари за украсување – 195.122 евра, што е 44% од вкупните трошоци во земјава за оваа намена. Иста сума има потрошено и лани. Деветта година по ред (за колку што постојат расположливи податоци) договорот за украсување се склучува со иста фирма – Линк медиа плус.

Следна, според висината на трошокот за украсување е општина Струмица со 34.449 евра, а потоа следат четири општини кои потрошиле меѓу 20.000 и 30.000 евра, Карпош, Куманово, Радовиш и Тетово.

prvasll

третасл

Во базата на податоци, податоците за Градот Скопје и општините Ѓорче Петров и Радовиш се преземени од известувањата за склучените договори додека, пак, за другите единици на локалната самоупорава податоците се преземени од проценетите вредности од огласите за јавни набавки објавени на Електронскиот систем за јавни набавки.

Оваа база на податоци во отворен формат, како алатка за новинарите, е изработена во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија.

Трошоци за новогодишно украсување