Според податоците што ги достави Државната изборна комисија до Електронскиот систем за јавни набавки, парламентарните избори 2016 година чинеле 1.241.059 евра, а локалните избори 2017 година – 844.774 евра.

За парламентарните избори се склучени вкупно 21 договор, а за локалните избори се склучени 19 договори. Најголеми договори за парламентарните избори се за транспорт и сместување на членовите на Избирачките одбори (406.504 евра), за изработка и печатење на изборниот материјал (390.244 евра) и за транспорт на изборниот материјал (105.691 евра). Кај локалните избори, трите најголеми договори се за изработка и печатење на изборниот материјал (453.659 евра), за транспорт на изборниот материјал (81.301 евра) и за надградба на софтвер (69.203 евра).

Сите набавки за овие избори се направени преку нетранспарентната постапка – преговарање без објавување на оглас, што ДИК го оправдува со ’итност на набавката‘.

Известувањата за склучените договори за парламентарните избори се доставени со речиси една година задоцнување, наспроти законскиот рок од еден месец од склучување на договорот.

Во насока на поттикнување на натмошни истражувања на овие трошоци, во прилог е база на податоци со сите договори склучени од ДИК за последните праламентарни и локални избори во отворен формат.

Јавни набавки на ДИК за парламентарните избори 2016 и локалните избори 2017