bbojan

*Фотографија: Александра Стојановска

Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски е добитник на наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија за 2018 година. Станува збор за текстот „Слепите црева на недоградениот автопат меѓу Македонија и Албанија“, кој беше избран за најдобар во конкуренција на 49 поднесени трудови на Конкурсот. Новинарската сторија на Блажевски беше изработена со менторска и финаниска помош даден во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, спроведуван од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Балканската истражувачка репортерска мрежа и НВО Инфоцентарот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Наградата му беше врачена на Блажевски од почесниот претседател на жирото за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче и евроамбасадорот Самуел Жбогар на 12 декември во МКЦ Клуб Ресторан.

Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија, додека наградата за најдобра аматерска фотографија му припадна на Александар Ристовски. Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беа доделени на темата „Градење доверба во несигурни времиња“. Наградата за најдобра аматерска фотографија беше на темата „Нашата различност, наша сила“. Наградата „Жан Моне“ се доделува по 16 – ти пат од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, во партнерство со Советот за етика во медиумите.