IMG_8534

Истражување, верификација и анализа на отворените и достапни податоци на интернет беа во фокусот на обуката за новинари што во организација на Центарот за граѓански комуникации се спроведе од 22 – 24 декември во Охрид.

Работилницата на која учествуваа 15 новинари од повеќе медиуми ја водеше Кристијан Триберт повеќекратно наградуван новинар за техниките кои се нарекуваат дигитално форензично истражување.

Станува збор за употреба на најсовремени истражувачки алатки кои ги надополнуваат традиционалните новинарски техники кои преку анализа и верификација на јавно достапните информации ги откриваат темите од јавен интерес, ја разобличуваат корупцијата и пропагандата.

freeinfo naslchr

Учесниците на тренингот се стекнаа со вештини и познавања на модерни истражувачки алатки со што ќе ги подобрат и збогатат своите новинарски вештини и квалитетот на новинарските стории.

Кристијан Триберт како новинар известувал и правел (фото)репортажи од повеќе конфликтни области како Ирак, Сирија и Украина, а за дигиталната реконструкција на обидот за пуч во Турција е добитник и на престижната награда European Press Prize Innovation Award 2017.