DSC_0901

Во организација на Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфо центарот во Скопје од 20 до 22 октомври беше одржан тродневен интензивен тренинг за новинари кои работат на истражувачки приказни.

Со помош на реноминарниот тренер на Томсон Ројтерс Фондацијата, Кит Стафорд,  новинари од повеќе редакции имаа можност да ги подобрат своите вештини и квалитети во истражувањата на социјалните, политички и економски теми. Преку симулации и конкретни вежби, на креативен и продуктивен начин учесниците имаа можност да работат на подобрување на своите вештини за интервјуирање, пребарување на документи, пишување,проверка на извори, носење етички одлуки и примена на највисоките професионални стандарди како и работа под притисок.

Кит Стафорд предавал и тренирал повеќе од илјада дописници на реномираната агенција Ројтерс, а управувал и со канцелариите на агенцијата во Вашингтон, Токио, Лондон и Сингапур.

DSC_0933