DSC_0489

Од 3. до 5. март 2017 година во Велес беше одржан тренинг за телевизиско новинарство на кој учествуваа 10 новинари од 8 медиуми од земјата. Предавачи на тренингот беа новинарката и уредничката од ВВС Рејчел Рајт и Ана Петрушева од БИРН.

Преку предавањата на тренингот учесниците можеа да научат повеќе за основните телевизиски принципи и вредности на уредувањето, селектирањето на секвенците и кадрите, пишувањето за телевизија и интервјуирањето. Значаен дел од тренингот беше посветен на работилниците во кои секој од учесниците индивидуално работеше на конкретна задача која потоа ја презентираше. Исто така беа прикажани и неколку стории  кои беа анализирани и дискутирани од страна на предавачите и учесниците.

DSC_0585

Овој тренинг е дел од проектот финансисран од Европската Унија „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“.