Трансфери на општините до НВО во 2016 година

Posted in Uncategorized @mk, Алатки, Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

Infographic.jpg - Copy

Со ова истражување се мапираат карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, се утврдува нивото на транспарентност и отчетност на општините, се детектираат проблемите и слабостите во процесот и се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики.

Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите.

Повеќе

Преглед на истражувања на локално ниво

Posted in Алатки, Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

mapVisualization

Во прегледот на сите истражувања на локално ниво претставени на мапата на Македонија е овозможено со кликнување на конкретна општина да се добијат истражувањата на Центарот за граѓански комуникации во кои е опфатена самата општина или некоја институција од општината, како и линкови кои ве водат до секое од тие истражувања.

Во прегледот на истражувањата на Центарот за граѓански комуникации на локално ниво се вклучени над 25 истражувања кои се однесуваат на буџетите на општините и уделите на трошоците за плати и капитални инвестиции, финансиските резултати на сите јавни претпријатија, трендот на вработувањата во најголемите јавни претпријатија во земјата, трошоците за јавни набавки, долговите во здравството, квалитетот на животната средина, степенот на здравствена заштита и тн. Во прилог на истражувањата во отворен формат (ексел табела) се дадени сите податоци кои се обезбедени во текот на истражувањата.

Оваа алатка е развиена во насока на поттикнување на новинарите и невладините организации да ги базираат своите истражувања и работа на прецизни податоци кои ќе послужат како основа за натамошно продлабочување на сознанијата и доаѓање до нови информации кои треба да придонесат кон подобро информирање на граѓаните.

За да ја користите мапата кликнете на следниот линк Преглед на сите истражувања на локално ниво.

Оваа алатка е изготвена од Центарот за граѓански комуникации во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ финансиран од Европската Унија. Содржината на податоците е единствена одговорност на Центарот за граѓански комуникации и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

 

Повеќе

Трошоци за зимско одржување во Македонија за сезоната 2016-2017

Posted in Алатки, Вести

winter-maintenance

За ангажирање на механизација за чистење на улиците и патиштата од снег, како и за набавка на индустриска сол и ризла, во зимската сезона 2016-2017 година, државните институции ќе потрошат околу 322 милион денари односно над 5,2 милион евра.

Најмногу пари ќе чини  зимското одржување на регионалните и магистралните патишта за што ЈП Македонија пат ќе потроши 3 милиони евра. Останатите околу 2,2 милиони евра се за чистење на улиците на Градот Скопје и општините.

Приказот на сите 57 тендери за одржување на патиштата и улиците во зимската сезона 2016-2017 година покажува дека во трошоците за оваа намена доминантни се оние за користење на механизација и на работници од приватни фирми (3,7 милиони евра) наспроти трошоците за набавка на индустриска сол и ризла за истурање по патиштата и улиците (1,6 милиони евра). Ова се дополнителни трошоци, покрај оние за редовно буџетско финансирање на работењето на државните и локалните јавни претпријатија чија основна дејност е токму одржувањето на патишта и  улици.

На локално ниво, гледано по општини и градови, Скопје е неприкосновено на врвот и за чистењето на неговите улици Градот и општините имаат склучено 10 договори со приватни фирми во вкупна вредност од 52 милиони денари односно 848 илјади евра. Куманово е следно со договор во вредност од 245 илјади евра. По него се Прилеп со околу 202 илјади евра и Тетово со 130 илјади евра.

По региони, пак, повторно доминира скопскиот регион каде што ќе се потрошат 41% од сите пари за зимско одржување на патиштата. Следува пелагонискиот регион со учество од 17%. Најмалку пари за оваа намена ќе се потрошат во вардарскиот (2%) и во југоисточниот регион (само 0,1%).

Приказ на трошоците за зимско одржување на улиците

prikaz-marko-copy

 

Методолошки пристап

Основа за пресметка на трошоците на институциите за зимско одржување на патишта и улици се податоците добиени од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Во истражувањето се опфатени тендерите на сите институции на централно и локално ниво спроведени во текот на 2015 и 2016 година за зимско одржување кое ја опфаќа зимската сезона 2016-2017 година. Предмет на анализа беа 57 постапки за јавна набавка. Притоа за 31 тендери податоците се добиени од известувањата за склучените договори или од евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди. Додека за 26 тендери податоците се добиени од огласите за јавни набавки и за нив се користи проценета вредност на трошоците за зимско одржување.

Приказ на трошоците за зимско одржување за 2016-2017

Ова истражување е изготвено од Центарот за граѓански комуникации во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ финансиран од Европската Унија. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Центарот за граѓански комуникации и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Повеќе

LEGAL leaks toolkit – водич за новинари за пристап до информации од јавен карактер

Posted in Алатки, Избрани

Legal_Leaks_mkОва последно и изменето издание на Прирачникот е наменето за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.

Преземете го прирачникот (.pdf)

 

Повеќе

Истражување за примената на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите

Posted in Алатки, Избрани

Со цел да се добие јасна слика за сегашната примена на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите, изработено е ова длабинско истражување, кое опфаќа анкета со новинари, тестирање на институциите како одговараат на новинарските барања за информации и компаративен приказ на законските рокови за добивање одговор во Република Македонија и во другите европски земји, како и во Европската Унија. Истражувањето ни дава валиден приказ на актуелните состојби и претставува добра појдовна основа за ефикасно спроведување на натамошни активности во насока на поголема примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите, што понатаму ќе влијае врз подобрување на квалитетот на информирањето.

Преземете го документот (.pdf)

Повеќе

LEGAL leaks toolkit – водич за новинари за пристап до информации од јавен карактер

Posted in Алатки, Избрани

Legal leaks насловна

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.

Преземете го прирачникот (.pdf)

Повеќе