Во Хрватска – и незаконски прибавени докази може да се употребат на суд – ако се од јавен интерес

Posted in Избрани, Истражувачко новинарство

1

Фото: Кривичен законик на Р. Хрватска – интересот за водење на постапката или заштита на личните права

Додека судството во Македонија сѐ уште е „загубено“ околу единствен став за употребата на незаконски прибавените докази во судските постапки, хрватското правосудство тоа го решило со измени на Зaконот за кривична постапка (ЗКП) од 2008 година. Оттогаш во праксата на Хрватска има десетици пресуди на судовите во сите степени кои прифатиле или одбиле незаконски прибавени докази. Јавниот интерес е еден од главните фактори при носењето на одлуките за прифаќање на незаконски прибавените докази.

Во Македонија, дилемата околу употребата на таквите докази формално ја постави Претседателот на Врховниот суд Јован Вангеловски, но де факто произлезе од барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за прислушуваните разговори од „бомбите“ да може да се користат како докази.

Во Врховниот суд не се обезбеди мнозинство за да се донесе начелно правно мислење, а во меѓувреме Апелациониот суд во Скопје во три наврати, со  една пресуда и две решенија, дозволи користење на „бомбите“ како докази. Но, Основниот суд Скопје 1 сѐ уште има отпори и спротивставени мислења по ова прашање и повторно донесе решенија со кои во 10 предмети не дозволува ваквите докази да бидат употребени во фазата на оценка на обвинителните акти.

Хрватска го имала истиот проблем, но во изминатите години успеале во добар дел да го решат.

Повеќе

Новинарите и граѓанските организации: Како до поквалитетни истражувања и подобра соработка?

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

slika 1

Можностите за соработка меѓу медиумите и невладините организации беа тема на работилницата во организација на Центарот за граѓански комуникации и партнерските организации БИРН И НВО Инфоцентар што се одржа на 21 септември во Битола. 

На средбата меѓу новинарите и претставниците на невладините организации од пелагонискиот регион, во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ поддржано од ЕУ, се дебатираше за состојбата со истражувачкото новинарство, за неопходната упатеност на медиумите на темите од јавен интерес за кои невладините организации имаат своја експертиза и можностите за подобрување на начинот на информирањето и нивната меѓусебна соработка.

 

slika2

 

Главна тема која што неможеше да се избегне на оваа работилница се егзистенцијалните проблеми со кои се соочуваат локалните медиуми и малите новинарски екипи. Тоа упатува дека можеби примарно мора да се најде начин за некакво посистемско финансирање на локалните медиуми, нивна финансиска поддршка и засилување за да може да отидат чекор подалеку и на своите новинарски екипи да им остават простор и ресурси за да можат да се посветат на истражувачко новинарство.

На самата работилница од страна на претставниците на невладините организации од Битола, Прилеп и Ресен беа посочени теми кои во иднина би можеле да бидат предмет на новинарски истражувања.

 

Повеќе

Политичарите без притисок забораваат на отчетноста!

Posted in Избрани, Истражувачко новинарство

natasa1

Примерот со Бугарија во однос на транспаретноста и отчетноста на политичарите на власт покажува дека тоа е можно да се очекува и да се оствари и во Македонија, но само под три услови: Политичка волја, притисок од јавнoста и целосна примена на строгите стандарди во европското законодавство.

Точка 26

Проект на Решение за одобрување на проект – Меморандум за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатички технилогии и врски на Република Бугарија и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за развој на железничкото поврзување меѓу Софија и Скопје.

БОЈКО БОРИСОВ (премиер): Московски!

ИВАЈЛО МОСКОВСКИ (министер): Господин премиер, ценети колеги, Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за транспорт….на РБ и Министерството за транспорт на РМ во основа предвидува развој на железничките врски меѓу Софија и Скопје и ќе преставува можност за конкретни дејства за доизградба на железничката врска меѓу Бугарија и Македонија, при што одредува и временски рокови за финализирање на делницата од бугарска страна меѓу Ѓуешево–македонска граница до 2027 г., а од македонска страна на делницата од Крива Паланка – Деве Баир – бугарска граница, до крајот на 2025 г.

Со влегувањето во сила на овој Меморандум ќе се овозможи…

БОЈКО БОРИСОВ: Во таа смисла, и на средбата во Трст (е потврдено – н.з.), дека и Берлинскиот процес е вклучен во Коридорот 8, за да може да се оствари тоа поврзување меѓу двете држави, кон кое ние толку многу настојуваме….

Ова погоре се стенограми од седница на Владата на Република Бугарија одржана на 26. јули 2017 година. Оваа стенограма, заедно со сите други од седниците на Владата на Р.Б., се објавуваат редовно на интернет страницата на бугарската влада.

Повеќе

Странски туристи има сѐ повеќе, но не колку што имало пред осамостојувањето

Posted in Избрани, Истражувачко новинарство

slika 1 - Copy

2016 година е по многу параметри клучна за македонскиот туризам. Во оваа година, бројот на туристи за прв пат по осамостојувањето надмина половина милион. Според проценките, пак, ако не беше кризата во 2001 година, токму во 2016 година, бројот на странски туристи би можел да достигне 1 милион. 

Бројот на странски туристи во Македонија во 2016 година, за прв пат по осамостојувањето на земјата, надмина половина милион луѓе. Но, со ова, бројот на странски посетители го достигна само нивото од 1977 година кога за прв пат бројот на странски туристи во земјава надминал половина милион.

„Златни години“ за македонскиот туризам биле оние од 1977 до 1990 година, кога земјата годишно ја посетувале по повеќе од 500.000 странски гости. Максималниот број е достигнат во 1987 кога во Македонија дошле рекордни 689.016 странски посетители.

Повеќе

Осум НВО ќе работат на креирање на унифицирани бази на податоци за сите општини во земјата

Posted in Избрани, Истражувачко новинарство

DSC_0504

Центарот за граѓански комуникации на 15 јуни 2017 година во Скопје одржа работилница за невладините организации кои се носители на мали грантови во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, кој се спроведува со финансиска поддршка на ЕУ.

Осум НВО ќе работат на прибирање, обработка и анализира на релеватни податоци за однапред определени области за сите општини од регионот на којшто му припаѓаат. Областите за коишто ќе се прибираат информации од јавен карактер се: економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина. Конкретните податочни сетови што треба да се обезбедат преку малите грантови во секоја од овие области се претходно утврдени низ широк консултативен процес и се оценети од страна на граѓанските организации и новинарите како најкорисни за нивната идна работа. Прибраните и обработените податоци по региони ќе претставуваат основа за изработка на унифицирани бази на податоци за сите 80 општини и Градот Скопје. Базите ќе содржат податоци во временска низа од неколку години со цел да бидат корисен ресурс за иницирање на новинарски истражувања и анализи, но и да послужат како основа за преземање на натамошни акции од страна на НВО.

DSC_0513

Носители на мали грантови во рамките на проектот Истражувачко новинарство за поттикнување реформи се: Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација – Скопје, Младински културен центар Битола, Здружение Новус Струмица, Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, Здружение Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ Крива Паланка, Здружение Извиднички одред Димитар Влахов Велес, Здружение Центар за развој на заедницата Кичево и Здружение Центар за развој и унапредување на јавниот живот Тетово.

Повеќе

Тренинг за истражувачко новинарство: Од идеја до истражувачка сторија

Posted in Избрани, Истражувачко новинарство

DSC_0431

Од 9. до 11. јуни 2017 година во Охрид беше одржан тренинг за истражувачко новинарство под наслов „Од идеја до истражувачка сторија“. Предавачи на тренингот беа новинарите од продукцијата Инсајдер од Белград, Сенка Влатковиќ Одавиќ и Миодраг Чворовиќ.

Предавачите зборуваа за чекорите што мора да се преземат од почетна идеја до готова истражувачка сторија, начините на кои се избираат темите, разликите помеѓу дневното и истражувачкото новинарство, како се прибираат фактите и доказите, кои информации можат да се користат, како се избираат изворите на информациите, како се прават визуелизации на приказните, како се составуваат приказните и како се вкрстуваат информациите

Повеќе