Со поддршка на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ две новинарки од Македонија учествуваа на годинешната Летна школа за истражувачко новинарство на БИРН што се одржа од 19-ти до 25-ти август во Пинае Брашов Романија.
На престижната Летна школа на БИРН новинарките Искра Опетческа и Катерина Топалова имаа можност да научат техники за истражување на податоци, водење на интервјуа, за пишување и видео презентација на сториите.
Тие заедно со колегите од Европа ги споделија своите искуства и беа дел од тимовите кои работеа на откривање на нови начини на известување користејќи ја новата технологија, а со тоа и новите новинарски алатки. Се работеше на теми од областа на загадувањето, доброто владеење и борба против корупцијата како и теми од областа на човековите права и слободата на изразување.
Во рамките на обуката беа одржани и практични вежби за известување врз основа на финансиски извештаи или познатото новинарско правило „следи ги парите“.