Повик за истражувачки стории

Posted in Uncategorized @mk, Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

http://freeinfo.mk/wp-content/uploads/2017/04/baner-ccc-800-200.jpg

Повик за истражувачки стории

Центарот за граѓански комуникации и партнерските организации БИРН и НВО Инфоцентар објавуваат повик за истражувачки стории во рамките на ЕУ проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи “.

Во рамките на овој повик најмалку четири новинари ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени на прашањето на евроатланските аспирации во контекст на демократските реформи со компаративна анализа на состојбите во земјите членки и во Македонија.

Тоа подразбира истражување на начинот на кој одредени горливи прашања како што се: борба против корупцијата, транспарентност на институциите, владеење на правото, човековите права, слободата на говор и слично, се решени во земјите членки на ЕУ и можноста за примена на тие искуства во Македонија.

Кандидатот треба да развие и разработи предлог за истражувачка сторија, како и нацрт-буџет за покривање на трошоците најмногу до 1.080 евра во денарска противвредност. Образецот за предлог-истражувањето и за буџетот можете да ги симнете ТУКА.

Избраните кандидати ќе имаат можност да користат ментор којшто ќе им помага во процесот на изготвување на истражувањето. Рокот за спроведување на истражувањето и за објавување на истражувачката сторија изнесува најмногу 2 месеци од изборот на најдобрите предлози.

Од кандидатот се очекува посветеност на истражувањето и остварување на сите обврски поврзани со истражувањето како што се: документирање на трошоците, контакти и состаноци со менторот, објавување на сторијата во медиум (во којшто апликантот работи или со којшто соработува), како и придржување до новинарските етички и професионални стандарди.

Најдобрите автори на објавените стории ќе бидат наградени и со покривање на трошоците за учество на престижната летна школа на Балканската истражувачка репортерска мрежа која ќе се одржи во последната недела од август 2018 година.

Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози за истражувачки стории, но на еден кандидат може да му биде прифатен само еден предлог.

Право на пријавување на конкурсот имаат сите новинари во Македонија без разлика дали се вработени или не.

Кандидатите се обврзани заедно со формуларот за апликација да испратат и нацрт-буџет за трошоците поврзани со изготвувањето на сторијата (патни трошоци – локален транспорт и патување во избраната земја ЕУ членка; комуникациски трошоци; дневници, согласно одредбите на ЕУ со кои треба да се покрие хотелското сместување, оброците и локален транспорт и итн.).

Краен рок за пријавување: 20 мај 2018 година

Апликациите треба да се достават на следната адреса: center@ccc.org.mk со напомена: Повик за истражувачки стории.

Повеќе

Податоци од јавен интерес од осумте плански региони во Република Македонија

Posted in Uncategorized @mk, Истражувачко новинарство

Преку програмата за регрантирање во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија, осум организации – грантисти прибраа податоци и информации од јавен карактер, а од поширок јавен интерес, од осумте плански региони во Република Македонија.

Прибраните и обработените материјали, организирани по региони,  содржат  податоци за сите 80 општини во земјата и Градот Скопје. Податоците, во временска низа од 2013 до 2016 година, се корисен ресурс за иницирање на новинарски истражувања и анализи, но и да послужат како основа за преземање на натамошни акции од страна на граѓанските организации.

Податоците ги прибраа и обработија: Младински културен центар од Битола – Пелагониски регион, ИНИ од Виница – Источен регион, ЕГРИ од Крива Паланка – Североисточен регион, НОВУС од Струмица – Југоисточен регион, Центарот за развој на заедницата од  Кичево – Југозападен регион, ИО Димитар Влахов од Велес – Вардарски регион, Институт за стратешки истражувања и едукација од Скопје – Скопски регион и Центарот за развој и унапредување на јавниот живот од Тетово – Полошки регион.

Преземете ги податочните сетови по плански региони:

    Источен регион      Југоисточен регион  Југозападен регион  Пелагониски регион     Полошки регион  Североисточен регион     Скопски регион       Вардарски регион   

 

Податочни сетови

Повеќе

Како работеа државните фирми во 2016 година?

Posted in Uncategorized @mk

freeinfo24

 

Компаниите во државна сопственост минатата година оствариле вкупни приходи од 743,7 милиони евра што е за 5,6% помалку отколку во 2015 година, покажуваат податоците за вкупно 121 фирма од јавниот сектор опфатени во оваа база на податоци. Дури 50 од овие фирми минатата година оствариле пониски приходи отколку претходната година.

Анализата на податоците за овие компании преземени од Централниот регистар, што ја изработи Центарот за граѓански комуникации, покажува дека од вкупно 121 државно претпријатие, дури 31 ја завршило минатата година со загуба, додека пак добивка прикажаа 90 од нив. Тоа значи дека минатата година секое четврто државно претпријатие ја завршило со загуба. Вкупните загуби на овие претпријатија се 35,4 милиони евра, додека пак вкупната добивка на профитабилните изнесува 62,7 милиони евра.

Во сите државни фирми на крајот од 2016 година работеле 28.457 луѓе, што е речиси непроменет број во споредба со 2015 година.

Повеќе

Трансфери на општините до НВО во 2016 година

Posted in Uncategorized @mk, Алатки, Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

Infographic.jpg - Copy

Со ова истражување се мапираат карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, се утврдува нивото на транспарентност и отчетност на општините, се детектираат проблемите и слабостите во процесот и се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики.

Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите.

Повеќе

Тренинг за телевизиско новинарство

Posted in Uncategorized @mk, Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

 

DSC_0489

Од 3. до 5. март 2017 година во Велес беше одржан тренинг за телевизиско новинарство на кој учествуваа 10 новинари од 8 медиуми од земјата. Предавачи на тренингот беа новинарката и уредничката од ВВС Рејчел Рајт и Ана Петрушева од БИРН.

Преку предавањата на тренингот учесниците можеа да научат повеќе за основните телевизиски принципи и вредности на уредувањето, селектирањето на секвенците и кадрите, пишувањето за телевизија и интервјуирањето. Значаен дел од тренингот беше посветен на работилниците во кои секој од учесниците индивидуално работеше на конкретна задача која потоа ја презентираше. Исто така беа прикажани и неколку стории  кои беа анализирани и дискутирани од страна на предавачите и учесниците.

Повеќе

Втор конкурс за истражувачки стории

Posted in Uncategorized @mk

Ве известуваме дека е отворен вториот повик за истражувачки стории организиран од Балканската истражувачка репортерска мрежа, Центар за истражувачко новинарство – СКУП Македонија и Центар за граѓански комуникации.

Овој конкурс е дел од „Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор“ во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.

На конкурсот може да се пријават сите новинари од Македонија, а краен рок за пријавување е 4 октомври.

Повеќе детали и формуларот за аплицирање се достапни на следниов линк:

http://birn.eu.com/en/page/macedonia-call-for-investigations

Повеќе