Повик за доделување грантови на граѓански организации

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

Logoa-NOVO-MK

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на податоци од локален, регионален или од национален интерес, за областите кои што се фокус на нивниот интерес и работење.

Предвидено е да се доделат осум (8) мали грантови во износ до 3.000 евра по грант (во денарска противвредност до 184.000 денари). Вкупниот износ на повикот изнесува 24.000 евра.

Апликациите да се достават до 1 април 2018 година. Активностите треба да се спроведуваат во период од 1 мај 2018 – 31 октомври 2018 година.

Повик за доделување грантови

Прилог 1 Образец за пријавување

Прилог 2 Буџет

Прилог 3 Опис на проектот

 

 

 

 

 

Повеќе

Тренинг за основи на истражувачко новинарство за млади новинари

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

naslovna

Десет млади новинари од електронски и печатени медиуми учествуваа на тренингот „Основи на истражувачкото новинарство и новите медиуми“  кој се одржа од 26 до 28 јануари во Охрид. Ова е десетти тренинг спроведен во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиски поддржан од Европска Унија.

Тројца тренери од различни земји, Александар Ѓорѓевиќ од БИРН Србија, Алмир Шеќкановиќ од Ал Џезира Балкан и Александар Јанев од економскиот неделник Капитал, сертифицирани за обучувачи од Thomson Reuters Foundation, ги споделија своите искуства со помладите колеги, пренесувајќи  дел од своето знаење и преку интерактивни вежби да ги подобрат новинарските вештини на учесниците.

Повеќе

Студиска посета на македониски новинари на Албанија

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

alb3

Балканската истражувачка репортерска мрежа и Центарот за граѓански комуникации во рамките на ЕУ проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ организираа студиско патување во Тирана од 24 до 27 јануари, каде што десетина македонски новинари имаа можност да се сретнат со претставници на медиуми, невладини организации и институции.

Новинарите од ТВ 21, МРТВ, Фокус, Макфакс, МИА, ТВ Шења, Радио МОФ и СКУП за време на неколкудневната посета разменија искуства со колегите од Албанија и се запознаа со медиумската и политичката состојба во земјата. Колегите од БИРН Албанија  ја презентираа својата работа, особено изработка на комплексни бази на податоци, последна за имотот на судиите во Албанија, и говореа за предизвиците со кои што се соочуваат новинарите  во услови на медиуми контролирани од политичката елита и олигарсите во земјата.

Повеќе

Сите тендери на ДИК за последните парламентарни (2016) и локални избори (2017)

Posted in Алатки, Вести

Според податоците што ги достави Државната изборна комисија до Електронскиот систем за јавни набавки, парламентарните избори 2016 година чинеле 1.241.059 евра, а локалните избори 2017 година – 844.774 евра.

За парламентарните избори се склучени вкупно 21 договор, а за локалните избори се склучени 19 договори. Најголеми договори за парламентарните избори се за транспорт и сместување на членовите на Избирачките одбори (406.504 евра), за изработка и печатење на изборниот материјал (390.244 евра) и за транспорт на изборниот материјал (105.691 евра). Кај локалните избори, трите најголеми договори се за изработка и печатење на изборниот материјал (453.659 евра), за транспорт на изборниот материјал (81.301 евра) и за надградба на софтвер (69.203 евра).

Сите набавки за овие избори се направени преку нетранспарентната постапка – преговарање без објавување на оглас, што ДИК го оправдува со ’итност на набавката‘.

Известувањата за склучените договори за парламентарните избори се доставени со речиси една година задоцнување, наспроти законскиот рок од еден месец од склучување на договорот.

Во насока на поттикнување на натмошни истражувања на овие трошоци, во прилог е база на податоци со сите договори склучени од ДИК за последните праламентарни и локални избори во отворен формат.

Јавни набавки на ДИК за парламентарните избори 2016 и локалните избори 2017

Повеќе

Анализа на резултатите од мониторинг на известувањето на медиумите за 2017 година

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

naslovnaaa

 

 

Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“., финансиран од Европската Унија. Целта на проектот што се реализира од 2016-2019 година е да се поттикне растот на прецизното и истражувачкото новинарство во насока на подобро информирање на јавноста и заштита на јавниот интерес.

Ова е втор ваков мониторинг на медиумите, по оној во 2016 година. И оваа година, мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите, бидејќи аналитичкото новинарство подразбира да им се даде смисла и да се стават во контекст комплексните општествени теми за да и се појаснат на јавноста, пти што се комбинираат аспекти на истражувачкото новинарство и на експланаторното (објаснувачко) известување.

Анализа на резултатите од мониторнигот на известувањето на медиумите 2017

 

 

 

Повеќе

Тренинг за истражувачко новинарство со Кит Стафорд

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

DSC_0901

Во организација на Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфо центарот во Скопје од 20 до 22 октомври беше одржан тродневен интензивен тренинг за новинари кои работат на истражувачки приказни.

Со помош на реноминарниот тренер на Томсон Ројтерс Фондацијата, Кит Стафорд,  новинари од повеќе редакции имаа можност да ги подобрат своите вештини и квалитети во истражувањата на социјалните, политички и економски теми. Преку симулации и конкретни вежби, на креативен и продуктивен начин учесниците имаа можност да работат на подобрување на своите вештини за интервјуирање, пребарување на документи, пишување,проверка на извори, носење етички одлуки и примена на највисоките професионални стандарди како и работа под притисок.

Кит Стафорд предавал и тренирал повеќе од илјада дописници на реномираната агенција Ројтерс, а управувал и со канцелариите на агенцијата во Вашингтон, Токио, Лондон и Сингапур.

DSC_0933

Повеќе