Перспективите на истражувачкото новинарство

Posted in Избрани, Истражувачко новинарство

DSC_0141

Анализа на резултатите од мониторингот на известувањето на медиумите 2018

Analiza e rezultateve të monitorimit mbi informimin nga mediat 2018

Analysis of findings of monitoring of media reporting 2018

Истражувачки стории за добри практитки на ЕУ

Дебатата „Перспективите на истражувачкото новинарство“ која се одржи на 24 јануари 2019 година во Скопје ги вклучи сите засегнати страни кои оценија дека се потребни натамошни напори за поддршка на квалитетното новинарство.  Дебатата беше  завршен настан на тригодишниот проект Истражувачко новинарство за поттикнување реформи, финансиран од Европската Унија, а  спроведуван од Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН.

„Потребно е постојано вложување во новинарство кое го штити јавниот интерес и е коректив на властите во остварување на поставените реформски приоритети. Овој проект беше насочен кон зголемување на знаењето и вештините на македонските новинари, креирање алатки кои им стојат на располагање за поголема примена на техниките на истражувачкото новинарство како и за градење партнерста со НВО. Крајна цел беше поголема застапеност на истражувачки стории во традиционалните медиуми, а не само на интернет порталите“, оцени Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.

Повеќе

Естонија – со помалку судови до повеќе правда

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

iskra1

За да функционира третата власт на вистински начин, според добриот пример што го проучивме од Естонија, потребни се малку нешта: политичка волја, добра организација и целосна употреба на современи комуникациско-информатички решенија вградени во системот. Тогаш злоупотребите се сведени на исклучоци, а ефикасноста на правило.

iskra2

Примерот денес, со реформираното судство во Естонија пред повеќе од десет години, покажува дека бројот на судовите и бројот на судиите не е пресуден за добар судски систем, туку добрата организација на системот и цврстата волја и на судиите и на политичарите да стигнат до ефикасен и независен судски систем.

Има и уште еден важен елемент – употребата на современата информатичко комуникациска технологија која овозможува намалување на злоупотребите и зголемување на ефикасноста.

Станува збор за земја која има нешто помалку жители од Македонија, но значително помалку судови и судии, а сепак, според ефикасноста на судството и бројот на жалби се смета за второ судство во Европа по ефикасност, од земјите членки на ЕУ.

Тоа беше причина за малку потемелно запознавање на овој судски систем, по што може да се добие попрецизна слика и компарација со судскиот систем во Македонија, кој повторно е предмет на реформи со цел да се подобри функционалност на третата власт во секој поглед.

Повеќе

Политичарите се најголемата кочница за конфискацијата на криминално стекнатиот имот

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

lef1

Иако конфискацијата на нелегално стекнатиот имот и пари се смета за најефективна борба против корупцијата, Македонија не може ни оддалеку да се пофали со такво нешто. Моделот од Бугарија за одземање на нелегално стекнатиот имот, кој се смета за успешен бил предлаган во земјата, но тогашната влада на Никола Груевски не го прифатила. Нашето истражување покажа дека политичката волја сепак клучна за ова прашање.

Корупцијата и натаму е најисплатлив „бизнис“ во Македонија. Ова го покажуваат фактите и податоците во земјата. Aгенцијата за управување со одземен имот на начинот на кој работи во рамките на целиот систем покажува слаба ефикасност, која на пример може да се прикаже и на тој начин што веќе не може да собере пари ниту колку што има трошоци, односно онолку колку што и е буџетот. Вредноста на паричните средства кои се одземени од криминални активности се најниски во 2017 година.

Минатата година се одземени само 27 милиони денари (450.000 евра). Претходните години одземале по многу повеќе пари. Во 2016 година биле одземени 1,2 милиони евра, додека во 2015 година над 5 милиони евра.

Повеќе

Со „Жан Моне“ наградено новинарско истражување спроведено во рамките на проектот Истражувачко новинарство за поттикнување реформи

Posted in Uncategorized @mk, Избрани, Истражувачко новинарство

bbojan

*Фотографија: Александра Стојановска

Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски е добитник на наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија за 2018 година. Станува збор за текстот „Слепите црева на недоградениот автопат меѓу Македонија и Албанија“, кој беше избран за најдобар во конкуренција на 49 поднесени трудови на Конкурсот. Новинарската сторија на Блажевски беше изработена со менторска и финаниска помош даден во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, спроведуван од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Балканската истражувачка репортерска мрежа и НВО Инфоцентарот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Наградата му беше врачена на Блажевски од почесниот претседател на жирото за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче и евроамбасадорот Самуел Жбогар на 12 декември во МКЦ Клуб Ресторан.

Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија, додека наградата за најдобра аматерска фотографија му припадна на Александар Ристовски. Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беа доделени на темата „Градење доверба во несигурни времиња“. Наградата за најдобра аматерска фотографија беше на темата „Нашата различност, наша сила“. Наградата „Жан Моне“ се доделува по 16 – ти пат од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, во партнерство со Советот за етика во медиумите.

 

Повеќе

Безидејноста поголем проблем од парите за реформи во македонското образование

Posted in Uncategorized @mk

данска насловна

Данска на 17-то, Македонија на 67-мо место во читање и наука. Данска на 12-то, Македонија на 66-то во математика. Ова е последното рангирање на меѓународното ПИСА тестирање. Toa е една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење на учениците во образовниот систем во матичната земја. Оценувањето се спроведува во повеќе од 60 држави од целиот свет и го реализира Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на секои пет години. Знаењето и способностите на учениците се мерат во три подрачја и тоа способеност за читање со разбирање и критички пристап во читањето на пишаните материјали, математичка писменост и писменост во природните науки.

Ја избравме Данска за споредба на образовниот систем од неколку причини, една од нив-поради реформите кои се прават во моментот и треба да го подобрат образованието. Иако се наоѓа на врвот според квалитетот во образованието, повторно прави реформи за доусовршување на системот. Во исто време, Македонија со години почнува одново реформи во образовниот систем. Kaкo една од поголемите причини за неуспесите на македонските ученици се наведува традиционалниот начин на настава, наставникот зборува-учениците слушаат. Во Данска тоа не постои. Обемот на материјал за совладување и неприлагодената програма со години им создаваат стресови на цели генерации ученици и родители. Нереалните оценки и слабоплатените професори-кај нас огромен проблем, во Данска непозната работа.

Повеќе

Рудниците за метални суровини создаваат замо 1,3% од домашната економија

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

аце 1

Анализата на сите бројки од оваа база на податоци води до смел заклучок базиран на факти, а тоа е дека државата добива многу малку од експлоатацијата на националните природни богатства. На површина од 105 квадратни километри, или два и пол пати поголема од Дојранското езеро, сите 12 концесионери експоатирале метална руда во вредност од 180,8 милиони евра. Од нив, само 4,95 милиони евра или 2,74% уплатиле во државната каса како надоместок за концесијата, додека пак, дури 38% им останале како профит, односно 68,9 милиони евра. За компаниите богатство, за државата трошки.

Овие 12 концесионери, пак вработуваат вкупно 2.175 луѓе, што е далеку помалку од бројките со коишто рударските здруженија лицитираа во јавноста и достигнуваа и до 13.500 вработени. Додадената вредност што ја создаваат изнесува 108 милиони евра и тоа значи дека уделот на активните рудници за метални суровини во вкупниот бруто домашен производ (БДП) е само 1,3%. За споредба, додадената вредност на секторот земјоделство, шумарство и рибарство, според податоците од Државниот завод за статистика, изнесува 923,9 милиони евра, што е осум и пол пати повеќе отколку додадената вредност во секторот вадење на метална руда и учествува во БДП со 10,9%.

Повеќе

Работилница за новинари и граѓански организации од Североисточниот регион

Posted in Вести, Истражувачко новинарство

KU1

Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентарот и БИРН Македонија на 3. Октомври 2018 година во Куманово организираа работилница за новинари и граѓански организации на тема „Како до поквалитетни истражувања и подобра соработка?“

На работилницата се зборуваше за присуството на истражувачкото и аналитичкото новинарство во медиумите и користењето на граѓанските организации како извор, беа претставени актуелните истражувања и анализи на граѓанските организации и нивниот потенцијал да бидат искористени за натамошни новинарски истражувања, а се дискутираше и за јавното застапување во функција на истражувачкото новинарство. Исто така беа презентирани и досегашните новинарски искуства од соработката со грашанските организации како и важноста на медиумите за работата на граѓанските организации и примената на алатки за комуникација со јавноста.

KU2

На работилницата присуствуваа 18 новинари и претставници на граѓански организации од Куманово и останатите општини во Североисточниот регион.

 

Повеќе

СТОРИЈА: Слепите црева на недоградениот автопат меѓу Македонија и Албанија

Posted in Избрани, Истражувачко новинарство

Непосредно по падот на комунизмот во Европа, Македонија и Албанија се согласија со исцртаната траса на Пан-европскиот Коридор 8 на конференциите во Крит (1994 година) и во Хелсинки (1997 година) и се обврзаа на среден рок да инвестираат во изградбата на патна, железничка и енергетска врска за поврзување на Црното со Јадранското и Јонското море. Две и пол децении подоцна, патниот сообраќај остана доминантен вид превоз и во Македонија и во Албанија, но двете земји не успеаја да се спојат со автопат.

bojan 1

*И по речиси три децении од падот на комунизмот, владите во Скопје и Тирана имаат различни погледи за идното патно поврзување меѓу двете земји

Во меѓувреме, бројот на патници и фреквенцијата на возила меѓу двете земји постојано расте, но прогнозите за сообраќајот од експертите сепак не се доволни за зелено светло за изградба на автопат. Без доволно пари во националните буџети, Македонија и Албанија се приморани да чекаат помош од странство за да го изградат планираниот проект. Европската Унија долги години се обврзуваше дека ќе ја помогне изградбата, но единствено доколку ваквиот автопат се покаже како финансиски исплатлив. На магичниот круг на проблеми со патното поврзување меѓу двете земји, државните раководства неодамна додадоа уште еден нов – по која траса да минува идниот автопат.

Повеќе

Македонски новинари на летната школа на БИРН за истражувачко новинарство

Posted in Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

birn18

Со поддршка на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ две новинарки од Македонија  учествуваа на годинешната Летна школа за истражувачко новинарство на БИРН што се одржа од 19-ти до 25-ти август во Пинае Брашов Романија.

На престижната Летна школа на БИРН новинарките Искра Опетческа и Катерина Топалова имаа можност  да научат техники за истражување на податоци, водење на интервјуа, за пишување и видео презентација на сториите.

Тие заедно со колегите од Европа ги споделија своите искуства и беа дел од тимовите кои работеа на откривање на нови начини на известување користејќи ја новата технологија, а со тоа и новите новинарски алатки. Се работеше на теми од областа на загадувањето, доброто владеење и борба против корупцијата како и теми од областа на човековите права и слободата на изразување.

Во рамките на обуката беа одржани и  практични вежби за известување врз основа на финансиски извештаи или познатото новинарско правило „следи ги парите“.

Повеќе

Повик за истражувачки стории

Posted in Uncategorized @mk, Вести, Избрани, Истражувачко новинарство

http://freeinfo.mk/wp-content/uploads/2017/04/baner-ccc-800-200.jpg

Повик за истражувачки стории

Центарот за граѓански комуникации и партнерските организации БИРН и НВО Инфоцентар објавуваат повик за истражувачки стории во рамките на ЕУ проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи “.

Во рамките на овој повик најмалку четири новинари ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени на прашањето на евроатланските аспирации во контекст на демократските реформи со компаративна анализа на состојбите во земјите членки и во Македонија.

Тоа подразбира истражување на начинот на кој одредени горливи прашања како што се: борба против корупцијата, транспарентност на институциите, владеење на правото, човековите права, слободата на говор и слично, се решени во земјите членки на ЕУ и можноста за примена на тие искуства во Македонија.

Кандидатот треба да развие и разработи предлог за истражувачка сторија, како и нацрт-буџет за покривање на трошоците најмногу до 1.080 евра во денарска противвредност. Образецот за предлог-истражувањето и за буџетот можете да ги симнете ТУКА.

Избраните кандидати ќе имаат можност да користат ментор којшто ќе им помага во процесот на изготвување на истражувањето. Рокот за спроведување на истражувањето и за објавување на истражувачката сторија изнесува најмногу 2 месеци од изборот на најдобрите предлози.

Од кандидатот се очекува посветеност на истражувањето и остварување на сите обврски поврзани со истражувањето како што се: документирање на трошоците, контакти и состаноци со менторот, објавување на сторијата во медиум (во којшто апликантот работи или со којшто соработува), како и придржување до новинарските етички и професионални стандарди.

Најдобрите автори на објавените стории ќе бидат наградени и со покривање на трошоците за учество на престижната летна школа на Балканската истражувачка репортерска мрежа која ќе се одржи во последната недела од август 2018 година.

Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози за истражувачки стории, но на еден кандидат може да му биде прифатен само еден предлог.

Право на пријавување на конкурсот имаат сите новинари во Македонија без разлика дали се вработени или не.

Кандидатите се обврзани заедно со формуларот за апликација да испратат и нацрт-буџет за трошоците поврзани со изготвувањето на сторијата (патни трошоци – локален транспорт и патување во избраната земја ЕУ членка; комуникациски трошоци; дневници, согласно одредбите на ЕУ со кои треба да се покрие хотелското сместување, оброците и локален транспорт и итн.).

Краен рок за пријавување: 20 мај 2018 година

Апликациите треба да се достават на следната адреса: center@ccc.org.mk со напомена: Повик за истражувачки стории.

Повеќе