Истражувачко новинарство за поттикнување реформи 2016-2019

 

Ситуација:
Mедиумите во земјата денес не успеваат да ја играат суштинска вочдог улога односно да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да бараат одговорност од носителите на власта. Во услови на влошување на ситуацијата во медиумите во комбинација со недоволен новинарски кадар и ограничени ресурси, постои значителен недостиг на истражувачко известување како една од најмоќните алатки за барање одговорност од властите.

Цел:
Со проектот ќе се создаде јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации од земјата кои преку нивната работа и во соработка со новинарите ќе придонесат кон подобрување на истражувачкото новинарско известување и кон подобро информирана јавност.

Очекувани резултати:

Поквалитетно и покредибилно истражувачко новинарство преку унапредување на знаењата, вештините и алатките за истражување на новинарите за продлабочено известување, засновано врз факти; изградено оперативно и ефикасно партнерство меѓу граѓанските организации и медиумите за поголема достапност на информации засновани врз темелно и конзистентно истражувачко новинарство; креирани десетици бази на отворени податоци од страна на граѓански организации за поддршка на нивните активности и за создавање ресурси за истражувачко новинарство; подобро и посуштински информирани граѓани за прашања од важност при носењето одлуки.

Активности:

Серија од медиумски мониторинзи за проценка на квалитетот и квантитетот на истражувачкото новинарство што ќе послужат како основа за прилагодување на тренинг програмите и на работилниците кон реалните потреби; серија на интензивни тренинг програми за истражувачко новинарство со фокус на доброто владеење; редовно менторирање и подучување на истражувачките новинари; учество на најдобрите истражувачки новинари на регионални конференции и школи за стекнување продлабочени знаења, споделување искуства и вмрежување; јавни дебати за улогата на истражувачкото новинарство; доделување грантови, обуки и менторирање на локални граѓански организации во подготовка на бази на отворени податоци за важни општествени прашања на локално ниво; подготовка на дополнителни бази на отворени податоци за важни општествени процеси и прашања на национално ниво; серија работилници за поголема соработката на новинарите и граѓанските организации во интерес на истражувачкото новинарство; воспоставување на јадро на граѓански организации и новинари кои ќе се залагаат за поголема транспарентност, отчетност и одговорност на властите.

* * *

Проектот го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, Балканската истражувачка репортерска мрежа и НВО Инфоцентарот во периодот од февруари 2016 год. до јануари 2019 год. Вкупниот буџет на проектот е 294.812 евра, од кои ЕУ учествува со 265.331 евра. Контакт информации: center@ccc.org.mk, тел: +389 (2) 3213 513, бул.Кочо Рацин  26-1/2, 1000 Скопје

 

 

Пристапот до информации – извор за поквалитетно информирање 2011-2013 

Што сакаме да постигнеме?

Правото ,да се знае‘ е едно од основните права на новинарите и сите граѓани треба да имаат пристап до информациите што ги поседуваат јавните институции. Имајќи го тоа предвид, проектните активности ќе обезбедат поголем пристап кон јавните информации со цел да се подобри квалитетот на информирањето и да се промовираат слободата на изразување и независноста на медиумите, а врз основа на позитивното искуство на невладини организации и медиуми од земји-членки на ЕУ. Работејќи со новинарите на зајакнување на нивната ,вочдог‘ улога преку искористување на нивното право на слободен пристап до информациите од јавен карактер, директно ќе се придонесе кон постигнување на главната цел на проектот – засилување на улогата на медиумите во демократизацијата на земјата преку потврдено известување, засновано врз факти, наместо доминантна употреба на непроверени информации.

 

Конкретни резултати

На крајот, проектот треба да ги има овие резултати:

  • Зголемена свесност кај новинарите за важноста и за можностите на моќното орудие на независните медиуми – Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кој во моментов не се користи доволно од медиумите.
  • Унапредени вештини кај новинарите за поголемо користење на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
  • Попоткрепено и врз факти засновано новинарско известување преку поголемо користење на слободниот пристап до информациите од јавен карактер.
  • Предложени законски измени за скратување на роковите за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, усогласени со европските стандарди.

 

Како ќе дојдеме до резултатите?

  • Длабинска анализа на моменталното користење на Законот за слободен пристап од страна на медиумите
  • Дебати со новинарите на централно и локално ниво за резултатите од анализата и за идните чекори
  • Прилагодување, превод и дистрибуција на Прирачникот за новинари за барање информации според Законот за слободен пристап (Legal Leaks Toolkit)
  • Обуки за новинари за поголемо користење на Законот за слободен пристап за подобрување на капацитетот на најмалку 20 медиуми од земјава
  • Студиска посета на истражувачки новинари во Бугарија
  • Насочување и помагање на новинарите при барањето на информации од јавен карактер
  • Дизајнирање на веб-страница за олеснување на слободниот пристап
  • Јавна дебата со сите заинтересирани страни за тековните слабости во пристапот до системот на јавните информации
  • Застапување и промовирање на инцијативата за законски измени

 

Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Access Info Europe и Балканската истражувачка мрежа (БИРН) – Македонија.